Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во градот Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен.
Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот.
Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95.
Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.
Во 12 часот на лице место пристигна и армијата со еден хаммер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.
На лице место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
На пожарот се интервенира и од воздух со Хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со Пена.
Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар.