Голема хуманитарна донација на Comodita Home на душеци и перници од над 100 000 евра

Сподели

 

Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот,  ќе помогне со донации на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови, домови за деца без родители, домови за стари лица и загрозени семејства.

 

 

Под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home ќе ја започне донаторската акција која планираме да ја спроведеме до крајот на годината.

Со планирана донација на над 1500 нови душеци, во вредност од над 100.000 евра, предвидени за болници, детски домови, домови за стари лица, ковид центри, загрозени семејства.

Досега се потврдени донации во Детска клиника Козле, Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Кардиологија, Ковид центри низ МК, Геријатрија, СОС детско село а преку соработката со Општините ќе ги помагаме и најзагрозените семејства.

Во вторник пред детската Клиника Козле ќе ги објавиме сите планови за заедно да пишуваме хумани приказни со кои ќе им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна, затоа што „Секој сон е важен“! се наведув во соопштението на Comodita Home.