Голема крводарителска акција во Општина Карпош

Сподели

 

Во знакот на хуманоста и солидарноста, Општина Карпош и Здружението ГалИцко во соработка со Црвениот Крст на Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, на 13 јуни (вторник) ќе организираат голема крводарителска акција во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, од 09:00 до 17:00 часот.

Карпошани во уште една прилика ќе ја покажат својата човечност и ќе даруваат крв со цел да се спаси нечиј живот. Според статистиките, Општина Карпош е на врвот во собрани најголем број крвни единици меѓу сите општини во нашата држава.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во акцијата.