Facebook, Instagram и WhatsApp од утрово се недостапни, вестите не се појавуваат, а главната страница на Facebook.com е недостапна.
На WhatsApp не може да се испраќаат пораки ниту да се примаат, а корисниците на социјалните мрежи своите проблеми и негодувања ги искажуваат на Twitter.
Овие социјални мрежи имаа пад на системот и пред еден месец, кога дел од нив во делови од светот беа недостапни речиси еден ден.