Големи промени во ракометниот свет – ЕХФ донесе важна одлука!

Сподели

Во Љубљана, Извршниот одбор на Европската ракометна федерација ЕХФ, донесе одлука за укинување на правилата за голови на гости во сите клупски и репрезентативни натпреварувања.

Тоа значи дека во случај на изедначена гол разлика по два натпревари во нокаут фазата ќе решаваат седмерците (пеналите).

Така, ЕХФ го следеше примерот на УЕФА кога го укина фудбалското правило за голови на гости.

Критичарите на правилата за голови на гости веруваат дека тој што ќе постигне повеќе голови треба едноставно да победи.

Но, во исто време предност ќе има тимот кој реваншот ќе го игра на домашен паркет без правила за голови на гости бидејќи пред својата публика ќе се изведуваат продолженија или седмерци.

The post Големи промени во ракометниот свет – ЕХФ донесе важна одлука! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico