Горан Милевски лидерот на ЛДП физички нападнат

Сподели

Пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски  вчера попладне физичи бил нападнат на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

– Во 16:30 часот Г.М. во полицијата пријави дека додека се движел по плоштадот Македонија бил нападнат од едно лице, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Во изјава за медиуми Милевски вели дека додека се движел по плоштадот непознато лице се доближило до него и почнало да го удира со тупаници по главата.

– Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе. Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан, вели Милевски.

Лидерот на ЛДП посочува дека целиот настан се случил многу брзо и без никаков повод.

Милевски добил телесни повреди по што отишол во болница, а случајот го пријавил и во полиција. Оттаму го потврдуваат настанот.