„На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои ‘учество во протести’. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа ‘штета’ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија.“