Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски во втор круг на претседателските избори

Сподели

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова оствари убедлива победа во првиот круг на претседателските избори. Сиљановска-Давкова освои 362.682, односно 40,08% гласови, додека актуелниот претседател Стево Пендаровски, доби поддршка од 180.306 избирачи (19,93%).

Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, кога паралелно се одржуваат и парламентарните избори.

На третото место заврши Бујар Османи со 13,36% гласови, додека Максим Димитриевски е четврти со 9,26%. Потоа следуваат Арбен Таравари со 9,21%, Билјана Ванковска-Цветковска со 4,55% и Стевчо Јакимовски, кој не освои ни 1% гласови.

Државната изборна комисија објави дека излезноста на изборите била 49,95%.

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија ги објави резултатите од вчерашните избори. 

Еве по колку гласови освоија кандидатите:

Стево Пендаровски – 180.306 | 19,93%

Гордана Сиљановска Давкова – 362.682 | 40,08%

Стевчо Јакимовски – 8.103 | 0,90%

Бујар Османи – 120.903 | 13,36%

Билјана Ванковска Цветковска – 41.172 | 4,55%

Арбен Таравари – 83.356 | 9,21%

Максим Димитриевски – 83.787 | 9,26%