Пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова поднесе кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата за претстојните избори.
“Сакам јавно да изразам благодарност до сите колеги и колешки што ме уверуваа дека сум добро решение за кандидатка за претседателка и во рекорден рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам, порача кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа моја кандидатура треба да се официјализира на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
„Да се кандидирам ме инспирираше состојбата во која се наоѓаме, мене многу ме боли што другите држави повеќе не ценат одошто ние самите. Во агонија се самите граѓани, и време е за женска димензија во политиката, време е за консенсуз. Она што мене сиве овие четири години ме инспирира е дека ако не се почитуваме себеси, не може да очекуваме почит од никого“, рече Силјановска-Давкова.
„Јас нема да се однесувам како републикански монарх, ветувам дека моите кандидати ке бидат најдобрите во судскиот совет и не треба да се зачудите ако ме видите на протест со маргинализирани групи. Треба во Македонија навистина да дојде времето на жените, ќе ги почитувам различностите, видовме кога на клучни функции има жени тогаш се можни промени. Без владеење направото, без радикални промени нема да исчекориме напред . Крајно време е да почнеме да спроведуваме механизми на граѓанска држава“, заврши Силјановска-Давкова.