Гостивар го одбележа еден од најтемните денови – трагедијата кај Ласкарци!

Сподели

 

Општина Гостивар вчеравечер го одбележа споменот на 16-те жртви од трагедијата во Ласкарци.

 

“Сеќавајќи се да не заборавиме, денеска во 17:45 часот беа запалени 16 светилки во спомен на страшниот настан во Ласкарци каде животот го загубија 16 гостиварци.

Се надеваме дека вакви трагични настани никогаш повеќе нема да се повторат.

Настанот се одржа во Меморијалниот парк на гостиварскиот плоштад, каде беа засадени 16 дрвја и беа поставени табли со имињата на 16-те жртви.”