Град Скопје апелира да не се палат огнови на отворено

Сподели

 

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се избегнат групирање на лица поради пандемијата со корона вирусот, како и со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.
 
Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден.
 
Во изминативе четири години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните.
 
Ги потсетуваме граѓаните дека сите огнови на отворено можат да ги пријават на телефонскиот број 193.