Град Скопје чека лиценца за дистрибуција на топлинската енергија од Регулаторна комисија

Сподели

 

Град Скопје поднесе Барање за издавање лиценца  за дистрибуција на топлинската енергија до Регулаторна комисија.

“Во прилог на Барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена  документација со која се потврдува дека  АД ГЕС-СКОПЈЕ е единствено правно лице кое има востановено трајно право на користење на недвижни ствари-линиски инфраструктурни објекти, енергетска инфраструктура-топловоди во сопственост на Република Северна Македонија коишто се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје.

Градски енергетски системи (ГЕС) достави информација за обезбедени финансиски средства за тековно работење и набавка на основни средства за дејноста, како и дека за вработување на стручните кадри се потребни максимум 45 дена.

Со поднесување на Барањето со целокупната потребна документација, АД ГЕС-СКОПЈЕ ја започна постапката за добивање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и воедно бара, согласно со Законот за Енергетика и Правилникот за лиценци,  врз основа на начелата за постапката за издавање на лиценци за вршење на дејности од енергетиката засновани на транспарентност, објективност, недискриминираност, ефикасност и економичност, Регулаторната комисија за енергетика да постапи по Барањето во предвидените рокови.” – соопштуваат од Град Скопје.