Град Скопје демантира дека „Со „Бјело дугме“ ќе се слави Денот на ослободувањето на Скопје“

Сподели

 

Градот Скопје ги демантира невистините и дезинформациите објавени денеска (17.10.2019 година) во прилогот на интернет порталот „Фокус“  со наслов „Со „Бјело дугме“ ќе се слави Денот на ослободувањето на Скопје“.

Наводите се невистинити и манипулативни бидејќи Град Скопје воопшто нема организирано настап на музичката група „Бјело дугме“ по повод 13.ноември. Најверојатно станува збор за приватна организација на овој музички концерт, со кој Град Скопје нема поврзаност – се наведува во соопштението на Град Скопје.