Град Скопје додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца

Сподели

 

По повод Нова година, Град Скопје со желба за многу среќа и здравје  во 2021 додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции  кои  традиционално ги помага.

 

 

Во пресрет на Новогодишните празници 250 деца добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје.100 пакетчиња им беа доделени на децата од Дневен Центар за деца на улица, а 49 новогодишни пакетчиња на децата од Мали групни домови „Ранка Милановиќ“,  „25 Мај“ и „11 Октомври“.

Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација, ХОПС, доби 22 новогодишни пакетчиња за децата на корисниците на нивните услуги,  Во мојот свет, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам добија 62 новогодишни пакетчиња, а Здружението Љубезност 17 пакетчиња.

 

 

Градот Скопје и понатаму продолжува да вложува во иднината на сите граѓани и води активна социјална политика и секогаш одговара позитивно на потребите на социјално ранливите граѓани.