Град Скопје нема да постапува по опомените за данок и фирмаринa за 2019 година

Сподели

 

Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси беа испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, а поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.

Поточно, додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Сакаме да напоменеме дека сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба.