Градоначалникот Ганиу ги охрабрува жителите на Чаир да се вакцинираат

Сподели

 

Секој граѓанин што има потреба (постари или онемоштени лица), Општина Чаир може да ги транспортира од дома до центарот за вакцинација со нејзините еколошки автомобили.

 

 

Градоначалникот на Oпштина Чаир, Висар Ганиу, денеска го посети Пунктот за вакцинација во општина Чаир. Во оваа прилика, тој апелираше до граѓаните да се вакцинираат, нагласувајќи дека само преку овој процес може да се стави крај на пандемијата на Ковид -19.

„Од Пунктот за вакцинација во општина Чаир, апелираме до вас почитувани граѓани, да дојдете и да се вакцинирате, бидејќи вакцинацијата е многу важна за здравјето на сите и само на овој начин ќе можеме да ја победиме пандемијата на Ковид 19 и да се вратиме во нормала“, нагласи Ганиу.

Градоначалникот Ганиу, исто така, нагласи дека сите оние кои не се во можност да се движат од различни причини, општината со своите тимови е подготвена да помогне во испраќањето медицински персонал во нивните домови и станови. За ова, доволно е да се јавите и да и пишувате на општината на социјалните мрежи или на официјалниот веб -портал на општината.