Граѓаните собраа 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари или, вкупно, 15.528 евра на вчерашниот солидарен настан во кафе-бар „Излет“ за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави и за кои, како што велат, „режимот подготвува високи казни“.
Од „Шарената револуција“ изјавија дека се презадоволни од одзивот на вчерашниот настан.
– Презадоволни сме од одзивот на граѓаните на вчерашниот настан. Парите ќе бидат уплатени на жиро-сметка – изајви за „Мета“ Павле Богоевски од „Шарената револуција“.
Износот на собраната сума е објавен на фејсбук-страницата на кафе-бар „Излет“, местото каде што се одвиваше оваа акција