Граѓанската иницијатива поднесе барање до ДИК за собирање потписи за референдум

Сподели

 

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има”, поднесе Барање до Државна изборна комисија, за распишување референдум за дигиталните учебници. Од денеска до четврток треба да соберат 100 потписи за да се прифати оваа иницијатива. Граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис во подрачните одделенија во Центар и во Битола.

Од иницијативата закажаа за во среда протести во целата држава.

Оваа иницијатива  следи откако поднесоа 600 потписи за референдум до Собранието и им беа одбиени, со образложение дека не биле собрани на законски начин. Од иницијативата најавија дека за своите барања ќе се  обратат и до делегацијата на ЕУ и ОН.

„Иницијативата ќе го достави Предлогот за референдумот до Собранието на Македонија, заради директно и непосредно изјаснување на волјата на граѓаните за предложениот нацрт закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование” – се вели во соопштението од Иницијативата.