ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР И СОБРАНИЕТО ЕДНОГЛАСНИ: НАСИЛСТВОТО Е СЕЧИЈА РАБОТА И ТРЕБА ДА НЕ ЗАСЕГА СИТЕ НАС
Претседателката на Една може! и родова експертка Дороти Пачкова, ја поттикна иницјативата за свикување на оваа седница на Собранието, на ден 15.12.2020 година, со тема ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО.
На јавната расправа поздравни обраќања имаа Jaгода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи; а потоа свои излагања имаа и Марта Марковска, советничка во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје; Дороти Пачкова од Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ! и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.
Накратко, точките кои Пачкова ги изложи пред Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и заклучоците на комисијата може да ги прочитате на следниот линк:
denesmagazin.mk