Осумдесет и девет (89) граѓански организации бараат Владата да не ја спроведува одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор пред да го слушне нивното мислење во врска со тоа.
– Бараме Владата да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, да направи измени и дополнувања на донесената Одлука за формирање на Советот и да отвори консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, во кој различните мислења и ставови за Советот ќе бидат земени предвид и усогласени согласно споредбените искуства и практики – стои во изјавата упатена до Владата.
Граѓанските организации во изјавата подвлекуваат дека нема да учествуваат во процесот на избор на членови на Советот од редот на граѓанските организации.
Граѓанските организации не сакаат претставници во советот за соработка со Владата