Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила.
Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево – соопштуваат од министерството.