Грчка вечер со пијанистката Данае Доркен ќе се одржи вечер во 21 часот во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Доркен, германска пијанистка со грчко потекло, е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по неверојатната техника и длабочина на музичката мисла. Таа ќе изведе дела од Роберт Шуман, Феликс Менделсон, Микис Теодоракис, Фазил Сај и од Франц Лист.
