Во грчкиот парламент денеска треба да се одржи гласањето за ратификација на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО, откако вчера доби „дозвола“ на Комитетот за надворешна политика и одбрана со мнозински број на гласови.
Протоколот беше потпишан во средата во Брисел од постојаните претставници на сите 29-земји членки на НАТО, а со Грција денеска почнува последната фаза од полноправниот влез на Македонија во Северноатлантската алијанса, односно ратификација на Протоколот во сите членки на НАТО
Се очекува грчките пратеници што го поддржаа Договорот од Преспа, исто така да гласаат „за“ Протоколот, односно се очекува да се постигне потребното мнозинство – 151 пратеник.