Груби: Никој не може да ги сопре проектите за автопатиштата и евроинтеграцијата на земјата

Сподели

 

Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби во
неговиот говор на свечената церемонија по повод поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 10Д потенцираше дека никој не може да ја сопре реализацијата на најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата и евроинтеграцискиот пат на земјата.
 
Груби, честитајќи им го на сите присутни моментот на почетокот на реализацијата на проектот Коридорот 10Д, истакна дека овие постапки на Владата покажуваат дека е дојден крајот на заложништвото и блокадата на Собранието, на проектите, на иднината на граѓаните на Република Северна Македонија, но и на блокадата на евроинтегративниот пат на земјата.
 
 
 
 
Ова денешно присуство и фактот што апсолутното мнозинство гаранција за

сите граѓани, и на Прилеп, и на Битола, и на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид, дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко не може да го запре овој проект. Овој проект продолжува и сите Влади, а следната Влада секако ќе биде истата како што е оваа денес, ќе го заврши овој проект, ќе ги пресече лентите и сите граѓани ќе се возат по нив.

 
Втората порака денес ми е, тоа што го гледате денес во Собранието и тоа
што пред една недела го направи Владата на владина седница е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите, на
иднината на граѓаните на Република Северна Македонија. Ова парламентарно мнозинство, оваа владина коалиција од минатиот петок,па до денес, демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и
заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се
демонстрира дека е дојден крајот.
 
И третата порака за денес, како што демонстриравме дека е дојден крај на
заложништвото и блокадата, така и од денес при изградбата на овие
најголеми инфраструктурни проекти во историјата на нашата земја,
упатувам порака дека е дојдено време од денес да ставиме крај и на
блокадата на нашето европско интегрирање. Тоа е веќе започнат проект
заедно со премиерот Ковачевски, со партнерите на коалицијата и нема
никој да му застане на пат, како нема да му застане на пат ниту на овој
проект за изградбата на автопатиштата. Така да спремете се, качете се на
овој воз, кој што вози кон Брисел и којшто нема кој да го спречи.”