ГРУЕВСКИ: Ако победата е убедлива со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кризата ќе заврши

Сподели

nikola-gruevski-miting

-“Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, 2,5 години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, 2,5 години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, побара на вечерашниот митинг во Струмица Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата изборна единица.

Тој ги повика граѓаните и овие 7 дена што остануваат до 11 декември да останат со студени глави и да одлучат за судбината на Македонија.

– За жал не може да се помират сценаристите со ова што ги чека, со овој огромен пораз кој ќе го добијат и само мислат како да испровоцираат проблем. Нервозни се, очајни и фрустрирани се затоа што не успеаја и не успеваат, а пробаа се. Многупати тестирани сценарија во Македонија не им успеаја, затоа што нашиот народ е мудар и се гледа јасно. Нервозни се и ги знаеме многу добро дека може и да не бираат средства. Сме гледале многу примери наоколу, па и во соседството што се може да направат. Нервозни се и бараат начин како да ја продолжат кризата – истакна Груевски.