Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска потпишаа декларација за заеднички настап претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.
Декларацијата „Македонија „2020“ ја потпишаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на коалициските партнери во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност.
Во обраќањето Груевски меѓу другото истакна дека граѓаните сакаат напредок и просперитет и оти тие ќе се залагаат за подобрување на животниот стандард.