Груевски изјави дека имало нерегуларности во текот на целата изборна кампања

Сподели

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски гласаше денеска во Скопје.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои денеска гласаа и порача дека со тој чин ја заштитиле демократијата во Република Македонија и покажале грижа за своите граѓани и за своите општини.

– Сакам да се заблагодарам на сите граѓани и се надевам на едни успешни избори, односно избори кои ќе бидат најдобри за Република Македонија. Исто така, сакам да нотирам дека низ целиот изминат период имаше видливи нерегуларности и незаконитости, како во текот на кампањата така и денеска, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време – рече Груевски.