Груевски: На 11 декември СДСМ ќе го доживее десетиот пораз

Сподели

gruevski-miting-kumanovo

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на Коалицијата за подобра Македонија, Никола Груевски, вечерва на митингот во Куманово рече дека народот како никогаш до сега ќе ги казни СДСМ и лидерот Зоран Заев.

-Народот ќе гласа за опцијата која нуди сувереност, унитарност, цврстина на Македонија и која економски ќе зајакнува. Држава која ќе ги зголеми субвенциите, пензиите, социјалната помош, платите во јавен сектор, сите економски параметри се очекува да се зајакнуваат. Затоа СДСМ на 11 декември ќе го претрпат десетиот изборен пораз по ред – рече Груевски.

Претходно Груевски од скопско Ѓорче Петров порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа на 11 декември, но дека е многу важно победата да биде убедлива со 63 пратеници.

-Затоа да ставиме крај на сите уцени и да испратиме порака до сценаристите на Заев дека не можат да најдат еден или двајца политичари и да се договорат со нив и овде во оваа држава да прават се што сакаат и со овој народ. Дека тоа овде во Македонија не го бива и приказната за редефинирање на државата да пројде помеѓу 2 милиони слободоумни граѓани кои се навикнати на демократија и кои знаат дека тие се газда на државата. И да ставиме крај на сите апетити, манипулации, малтретирања што ги прави Заев. Тој повеќе троши енергија за да создаде гнев и раздор меѓу нас, наместо да обмисли некој суштински проект кој ќе им го подобри стандардот на граѓаните – рече Груевски.

meta.mk