ХАН: Македонија стана ветување за демократска промена во целиот регион

Сподели

„-Не можам да ја скријам мојата лична среќа за овој успех постигнат по многуте посети. Ова е еден пат кон Европа и останува уште многу да се направи, но уште еднаш искрено ѝ честитам на владата и опозицијата која конечно беше сериозна во поддржувањето на оваа национална цел. Сите овие страни придонесоа до овој момент кој е важен за патот кон ЕУ на Македонија“, изјави Хан.

„-Земјата помина долг пат и покрај тешките околности за да ја надмине длабоката политичка криза и сега сте цврсто назад на европскиот пат. Гледаме дека има позитивна промена, обновено чувство на отвореност и надеж во земјата. Ја чувствувам атмосферата и добрите вибрации во земјата. Македонија стана ветување за демократска промена во целиот регион. Со имплементирање на договорот од Пржино, реформите се спроведуваат, имаме отворени и транспарентни реформи. Но за да се задржи ова нема простор за задоволство, реформите мора да продолжат особено во независноста на судството, промената не е само да се подобри легислативата туку и нејзина имплементација.“

Изјави, Јоханес Хан