Хан: Сите членки на ЕУ да го почитуваат владеењето на правото во Македонија

Сподели

 

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, на својот „Твитер“ профил индиректно го искоментира бегството на осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, велејќи дека станува збор „за кредибилитетот на Европа“.

„Силно владеење на правото е еден од фундаменталните критериуми за членство во Европската Унија. После години назадување, Македонија има добар напредок во оваа област, вклучувајќи го и кривичното право. Сите членки на ЕУ плус соседите од Западен Балкан треба да го почитуваат овој процес. Ова е прашање за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.