Хан за одлуката на ЕУ за преговори: Се надевам ќе победи разумот

Сподели

 

Доколку не упати јасен сигнал за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, Европската Унија ризикува да го загуби влијанието на Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан за австриската агенција АПА.

–Доколку по две одлагања не упатиме јасен сигнал денеска или најдоцна на Советот на ЕУ во четврток, не смееме да се чудиме ако повеќе немаме влијание на Балканот, нагласи Хан, додавајќи дека се надева оти во врска со ова прашање „ќе победи разумот“.