Харадинај: Непријател е секој кој ќе го отвори прашањето на границите

Сподели

Според премиерот на Косово Рамуш Харадинај секој што ќе го отвори прашањето на границите на Косово ќе го смета за непријател на албанскиот народ.

Харадинај ова го рече по повод 11 годишнината на Косово во Дечани каде што, како што изјави, почнало прогласувањето на косовската независност. Харадинај повтори дека таксите на производите на Србија и Босна и Херцеговина кои се увезуваат на косово ќе останат во сила се додека Србија не го признае Косово.