Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи пристигна во работна посета на Република Македонија.
Заев и Тачи ќе остварат и тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата на Република Македонија и на Република Косово, соопштија од Владата, а по завршувањето на средбата ќе следуваат и изјави за медиумите.