Ја поздравуваме одлуката на Основното јавно обвинителство за поднесување на обвиненија против сите лица кои постапувале во случајот на Тамара Димовска, но истакнуваме дека во конкретниот случај,истрагата е неефикасна со оглед дека обвинителството ваквата одлука ја донесе по повеќе од три години, реагира ат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
– Земајќи го предвид очигледното пречекорување на законските овластувања на тогашниот министер Никола Тодоров преку давањето неточна информација до јавноста за отварање на центар кој ќе врши операции на пациенти со деформитет на рбетот при Клиниката за ортопедски болести во Скопје, не се согласуваме со одлуката на ОЈО дека во конкретниот случај не постои злоупотреба на службената положба и овластување од негова страна, поради што во овој дел одлуката сметаме дека треба да биде обжалена до Вишото јавно обвинителство – велат од Хелсиншки.
Хелсиншкиот ја известува јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје по повеќе од три години поднесе обвинителен предлог за кривично дело – несовесно работење во службата против сите лица кои постапувале во случајот на малолетната Тамара Димовска.
Според доставеното известување, ОЈО констатирало дека првостепената одлука на комисијата при ФЗО е донесена надвор од законскиот рок за итно постапување, како и дека основа за одлуката е изјавата на тогашниот минситер за здравство, Никола Тодоров, дека пациентите со деформитет на рбетот нема да одат во странство, поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент се уште не постоеле услови во Македонија за извршување на вакви операции. Одлуката е донесена без присуство на доктор ортопед и трауматолог, како доктори во чија специјалност припаѓа заболувањето на малолетната Тамара Димовска, иако претседателот/заменик претседателот задолжително требало да избере состав на доктори-членови на комисијата во чија надлежност спаѓа нејзиното заболување.
Второстепената комисија постапува на истиот начин и при донесувањето на одлуката со која се потврдува првостепеното решение во предвид ја зема изјавата на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров, со која се информира јавноста дека пациентите со деформитет на рбетот нема да одат во странство, поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент се уште не постоеле услови во Република Македонија за извршување на вакви операции.