ХОЛАНДИЈА: ЗАКОН ЗА ЕВТАНАЗИЈА

Сподели

eutan

Холандската Влада има намера да изготви закон, што ќе ја одобрува евтаназија на луѓето за кои се сметадека „животот им е завршен“ без да се болни во термална фаза од болеста, пренесуваат британските медиуми.

 Холандија во 2002 година стана првата земја во светот што ја озакони евтаназијата, но само за пациенти за кои е проценето дека трпат неподносливи страдања без да има надеж за нивното излекување.

Во писмо до Парламентот министрите за здравство и за правда наведуваат дека претстои прецизирање на деталите, но дека на луѓето кои „направиле темелна проценка дека животот им е завршен треба да им се дозволи, согласно строги и грижливо формулирани критериуми, да го завршат животот на достоинствен начин“.