ЈП Лајка и ЗОО-Скопје ве покануваат оваа сабота, 16.04.2022 на ХУМАНИТАРЕН БАЗАР за кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Хуманитарниот базар е дел од кампањата “Милениците се наше семејство, не ги напуштајте!”, која успешно се спроведува преку различни активности и настани изминатите неколку месеци.
На овој хуманитарен базар со свои ракотворби може да се пријават сите хумани граѓани, активисти и љубители на животни, деца и млади креативци, пријатели и поддржувачи на ЈП Лајка.
Доколку сакате да придонесете за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и сакате да се пријавите со свои уметнички ракотворби испратите меил на info@lajka.com.mk. Повикот за учесници трае до петок.
Се гледаме во Зоолошката градина во сабота од 11:00 до 15:00 часот.