Хуманитарна претстава “Душички”

Сподели

 

Хуманитарна претстава “Душички” ја имаше својата премиера во четврток на 10 оември, 2022 година, во Дом на култура “Иван Мазов Климе” во Кавадарци.
 
 
 
 
Претставата  “Душички” воедно го отвори и новиот театарски фестивал во Кавадарци насловен како “Месец на театарот”, кој  започна на 10 и ќе трае до 25 ноември.
 
Претставата  “Душички” ја реализираше Продукцијата Златен Заб.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески, а улогите ги толкуваа Надица Петрова и Рахим Рамадани. Како композитор се јавува Алмир Бајрамоски, кореографе Сања Русеска, костимите ги креираше Кети Пауновска Стевковска, додека Емил Пачковски ги подготви анимациите, фотографиите и видеата. 
 
 
                           
 
Претставата ќе се игра насекаде во Македонија, а крајната цел е средствата од продадените билети од секоја претстава да се донираат на семејство на кого им се најповеќе потребни во тој град.
 
Претставата е подржана од Министерството за култура.