Хуманитарна претстава на Театар “ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ” – “Разнесени” 

Сподели

 

 3 ГОДИНИ ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ 
 
„Разнесени“, Железничка станица (до поштата), 18 февруари, 20часот
 
Цена на билети: 200 денари, а приходите од донациите ќе бидат префрлени на сметката од црвениот крст за помош на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија. Да бидеме хумани!
 
 
Дипломска претстава „Разнесени“ во режија на Тамара Стојаноска
Класа по театарска режија на проф. Дејан Пројковски
Автор: Сара Кејн
Превод: Срѓан Јаниќијевиќ
Kористени материјали: Милена Марковиќ и Силвија Плат
Играат: Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Дизајн на постер: Бојана Цилевска
Фотографија: Никола Јовановиќ и ОРО Радио
Продукција: Театар „Златен Елец“ и Интернационален Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје
 
Претставата е поддржана од Град Скопје. Претставата не се препорачува за лица под 18 години.
 
Сара Кејн во средината на 90-тите години од минатиот век станала најновиот enfant terrible на англискиот театар и заедно со Марк Рејвенхил и други автори предводат нов правец во театарот насловен како In-Yer-Face-Theater. Драмите што спаѓаат во овој правец по правило се неконвенционални, агресивни, дрски и провокативни во смисол дека тие секогаш упатуваат на проблемите на модерниот свет на таков начин што публиката не може да остане рамнодушна. Што повеќе опшеството бега од соочувањето со фактот дека глобалното насилство е главна одлика на сегашноста, толку повеќе овие автори продираат во личниот простор на публиката и ја соочуваат со бруталноста на светов во кој живееме.
 
Односот на ликовите ќе биде своевидна метафора на војна која ги поврзува силувањето, расизмот и хомофобијата во еден приватен затворен простор со големите проблеми во светот и начинот на кој едно опшество е програмирано да ја пренесува омразата што ја добива заради сопствена корист и заради претходни неизлечени трауми. Метафората на една приватна војна помеѓу двајца кои се борат со сопствените трауми во затворена соба ќе стане многу реална и не толку далечна од вистинските воени конфликти.
Претставата ќе зборува за колективното чувство на безнадежност и немоќ на малиот човек, борбата со сопствените трауми и како тие влијаат врз луѓето кои што стануваме во иднина. За колективниот сплин на тажна, насилничка и бесмислена епоха во која живееме во борба со сопствените трауми и во борба со длабоко вкоренети патријахални корени во кои владее секаков вид на омраза од расизам и хомофобија до шовинизам, сексизам и оправдување на злото заради економски причини, но „Разнесени“ и како загриженост за човештвото и барање надеж за промени во свет каде што ѕидот помеѓу војна и мир е исто толку тенок како ѕидот на една обична хотелска соба.