Собранието ќе го одржи 12. продолжение на шестата седница, на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
На дневен ред на 6. седница се над 30 точки.