И Собранието ќе биде осветлено во една од боите на ретките

Сподели

 

Денес, Собранието на Република Северна Македонија, преку илуминација на зградата на Собранието како објект од значење во државата ќе биде осветлено во една од боите на ретките, односно во сина боја, со што ќе се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, кој за прв пат беше одбележан во 2008 година.

 

 

Месецот Февруари, како “редок” месец со најмалку денови е месец за подигнување на свеста за ретките болести и сите предизвици со кои се соочуваат луѓето засегнати од истите. Идејата и целта на овие активности и на Здружението ПКУ Херои, кое е основано со цел помош и поддршка на лицата со ретката болест Фенилкетонурија, е да се подобри квалитетот на животот на лицата заболени со ретките болести.

 

 

Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна поддршка затоа што силно верува дека сите граѓани на светот имаат исти права на оваа планета и со заеднички труд на сите може да се промени многу.