И во бајката не е се така идеално – Ана Ивановиќ откри кој е нивниот брачен проблем со Бастијан!

Сподели

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се во брак пет години.

Двојката има и два сина, Лука и Леон, а својот живот го кријат од љубопитните новинари.

Србинката беше таква и додека играше тенис, не сакаше премногу да се експонира, секогаш претпочиташе да зборува на терен.

И таму знаеше да зборува, го освои Ролан Гарос и беше една од најдобрите тенисери во светот.

Слична е приказната и со Швајнштајгер, Бастијан беше еден од оние фудбалери кои не се појавуваа многу надвор од теренот, па затоа не е изненадувачки што сега живеат мирен семеен живот.

Сепак, има проблеми во секој рај. Проблемот, Ана и Бастијан, ако воопшто може да се нарече така, не е голем, дури може да се каже дека е убав.

За што всушност станува збор. Ана и Бастијан зборуваат три јазици во куќата со своите деца, српски, германски и англиски, а кога ќе дојдат родителите на фудбалерот, тогаш започнува она за што зборувала Ана.

– Тоа е проблем за мене. Само што почнувам да разбирам германски, а потоа тие доаѓаат кај мене и зборат баварски – рекла Ана смеејќи се за време на интервјуто за телевизијата РТЛ.

The post И во бајката не е се така идеално – Ана Ивановиќ откри кој е нивниот брачен проблем со Бастијан! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico