ИД ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

Сподели

Терористичката организација ИД ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата вечер во Лондон, во кој загинаа седум лица, а десетици беа повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Оваа информација ја објави новинската агенција Амак, блиска на ДЕАШ, повикувајќи се на сигурни извори.

Ова е трет во низата напади во Велика Британија за кој ИД ја презеде одговорноста. Претходно оваа терористичка организација ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер на 22. мај и во Лондон во месец март.

Полицијата приведе 12 лица кои се поврзуваат со саботниот терористички напад во Лондон, а истрагата продолжува. Од приведените 12 лица, чија старосна граница се движи од 19 до 60 години, едно лице е пуштено на слобода.

Во нападот којшто се случи на лондонскиот мост и на плоштадот „Бороу“ во саботата, на 3. јуни, освен тројцата напаѓачи, животот го загубија 7 лица, а 48 се повредени.

Денес во Велика Британија ќе биде одржано едноминутно молчење во чест на починатите, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.