ИЈЗ: Внес на вода и физичка активност при топло време

Сподели

 

Како треба да биде внесот на вода при топло време?Во летно време, пиењето на вода треба да е континуиран процес, не треба да се чека ожеднување или момент на влошување на здравствена состојба за да се внесе вода. Соодветен внес на вода во телото за возрасни со просечна тежина од околу 70 kg е околу 2 l. Меѓутоа, човечкото тело по својата природа на функционирање некогаш може да има потреба од  повеќе вода, па со цел за нормално функционирање на телото треба соодветно надополнување. Имено, при топло време, препорачливо е внесот на водата да ја надмине оваа количина. Исто така, многу е важен рамномерниот внес на течности во тек на цел ден, а не тоа да се прави само во одреден временски период од денот.Во тек на топло време клучно е да се избегнат пијалаци што содржат висока количина на кофеин (чај, кафе), шеќер (засладени безалкохолни пијалаци) и алкохол. Овие течности, по нивните диуретични својства, овозможуваат  организмот да изгуби поголема количина на течности, а со тоа претставуваат потенцијална опасност за дехидратација на организмот.

Работниците на отворено, на секои половина час треба да пијат по најмалку половина чаша вода.

Физичка активност при топло време

Почитувајте го потребите на вашето тело и ограничувањата кои ти поставува во топли временски услови.

Лицата со зголемена телесна тежина, старите, децата и лицата кои не се навикнати на тешки вежби особено треба да бидат претпазливи.

Редовно и детално следете ја временската прогноза

Вежбајте во раните утрински часови, најдоцна до 9 часот, и попладне после 18 часот.

Облечете се соодветно

Вашето тело се лади со потење, но ладењето е потешко во влажно услови (временски услови, несоодветна облека, интензивен напор) бидејќи потта не се испарува толку брзо од вашата кожа. Отчукувањата на срцето се зголемуваат додека вашето тело работи напорно за да ја одржи својата ладна.

Облеката да ви биде широка и со светла боја. Облеката да ви биде памучна, а не од синтетска природа. Носете заштитни очила за сонце доколку сте на отворено и нанесете крем за сончање на сите видливи делови на телото најмалку 30 минути пред да се изложите на сонце и со најмалку 30 заштитен фактор.

Хидрација

Дневно може да изгубите и по неколку литри вода, заради тоа, во тек на вежбање понесете со вас неколку литри вода.