Импров групата НАСТАП вечерва во МКЦ

Сподели

 

Заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, Импров Групата Настап е комична, непосредна, но комплексно структуирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

 

Импровизацијата не само што е корисна за актерите, туку често се применува и во психологијата како вежба со која им се помага на луѓето кои се постојано под притисок при работа.  

Овозможува да се самоспознаеме и да се сетиме колку всушност е убаво кога се препуштаме на моменталната креативност во секојдневните човечки ситуации.

 

 

Вечерва (четврток 10.03.22), со почеток во 20 часот, во МКЦ (Клуб и ресторан) скопската публика ќе има можност да ги види младите актери од Импров групата НАСТАП.

 

Играат: Наталија Теодосиева , Ангела Стојановска, Дамјан Цветановски, Мартин Манев, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски
Водители се: Андреј Цветановски  и Борјан Стојков.

За нивните настапи секогаш се бара билет плус. Минатиот четврток  претставата беше распродадена. Билети се продаваат на платформата на Продукцијата Златен Заб.

 

“Импровизацијата е создавање нешто спонтано или создавање од нешто што е достапно во околината. Импров групата НАСТАП постои од 2018 година и оттогаш, имавме повеќе од 50 изведби во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Габрово (Р. Бугарија). Учесниците т.е. актерите  играат сцени за кои нема сценарио, но има правила, во зависност од играта. Публиката директно  учествува во создавањето  на сцената  преку задавање локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за првпат, ќе ги одиграат. Играме театарски игри во форма на забавно шоу. вели Мартин Манев, актер во театарски, телевизиски и филмски проекти.