Инспекциски контроли на угостителските објекти во Карпош

Сподели

Сектор Инспекторат упаќа јавен апел до сите сопственици на локали кои вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови , дека од вчера почна заедничка проширена контрола на инспекторите од сектор инспекторат, која последен пат се спроведе во 2024 година, и од таа причина должни сте да на лице место имате спремно фотокопии од

  1. Одобрение за вршење дејност
  2. Одобрение за поставување урбана опрема
  3. Елаборат за поставување на урбана опрема
  4. Тековна состојба
  5. Имотен лист за деловен објект
  6. Елаборат за заштита на животната средина
  7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место
  8. Лична карта на одговорно лице
  9. Телефонски број и лице за контакт
  10. Службен емаил

Овие документи треба да Ви бидат подготвени и да ги поседувате во локалот за да ги приложите на иснпекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка.

За сите констатирани неправилности инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како  и прекршочен платен налог.

Контролата ќе се одвива врз повеќе од 100 локали.