Интегриран електронски систем за наплата на патарини во РС Македонија и Србија

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.

Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непречено движење преку териториите меѓу двете земји.

 

 

Со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска го промовиравме заедничкиот електронски систем за наплата на патарините. Овој систем овозможува брзo и ефикаснo движење на граѓаните со помош на посебен ТАГ уред, кој по регистрацијата функционира и во двете земји непречено. Овa е најдобар пример дека Отворен Балкан функционира и дава резултати и конкретни придобивки, како што е заедничкиот електронски систем за наплата кој ќе придонесе кон поквалитетни и подобри услови за живот за нашите граѓани.

Летниот период е вистинскиот момент македонските граѓани поактивно да почнат да го користат М-тагот, тој ќе им го олесни и забрза патувањето.
Процедурата е едноставна, а придобивките се одлични! Ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија.

 

 

 

Бројот на туристи кои во текот на изминатите 2 години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан. Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по 3 месеци.

Ние ќе работиме уште повеќе на зголемувањето на размената. Македонците сакаат српски производи, Србите сакаат македонски производи и за таа цел мешовитата трговска комисија ќе работи на што поголемо зближување и на компаниите, отворање на 2-та пазари и тргање на сите бесцарински бариери кои во моментов ги има, а кои во текот на минатата година ги намаливме.”