ИСКАЧУВАЊЕ НА ВИХРЕН 2914мнв и ТОДОРКА 2746мнв

Сподели

mdVIHRENITIODORKASPORTSKINASTANI

 Пирин Планина, Бугарија, 15 Јули

ПК “Македон” организира тридневна акција на Пирин планина со искачување на два врва:

Вихрен 2. 914 м.н.в и Тодорка 2. 746 м.н.в (15-17.07.2016)

Детали за патот: Од Скопје до Банско има околу 270 км или околу 4 до 5 часа возење со комбе.

Врвот Вихрен се наоѓа во северниот дел на масивот Пирин, на главното било меѓу врвот Кутело (на северозапад) и Овинати Врв (на југоисток). Со овие два врва го поврзуваат: седлата Премката (2610 м) на север и Кабата (2535 м) на југ.

Искачување на врвот Вихрен 2. 914 м.н.в 16.07.2016

– Искачувањето на Врв Вихрен е во сабота во 7:00 часот. Искачувањето започнува од домот “Хижа Вихрен” кој е на висина од 1. 950 м. н. в. , со искачување на висинска разлика 960 м. Д+.

– Патеката е во должина од 2,5 км и потребно време за искачување на врвот е 2,5 до 3 часа.

Искачување на Тодорка 2746 м.н.в 17.07.2016

– Искачувањето започнува во 7:00 часот од домот “Хижа Вихрен”, со искачување на висинска разлика 800 м.

– Патеката е во должина од 3,5 км. и потребно време за искачување на врвот Тодорка е околу 3,5 часа.

Турата е средно тешка и бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, јакна/кабаница поради променливо време, силен ветар, ниски температури, а од храна лесна храна/овошје/вода 1,5л.

Поаѓањето е во петок во 17:00 ч. од паркингот на поштата кај железничката станица , а враќањето е во недела во вечерните часови. Превозот е организиран со комбе од Скопје до домот Хижа Вихрен . Бројот на местата се ограничени.

Цената на планинарската тура е 2.500денари. Во цената се вклучени: две ноќевања во “Хижа Вихрен” , превоз со комбе и водич на акцијата.

Во домот има кујна, од каде може да се купува храна и пијалоци по солидни цени.

Пријавување само на телефонот 078 401 702 (Дејан). Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до понеделник, 20 Јуни 2016 г. Резервацијата е со капар од 1.200 денари.

НАПОМЕНА: Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници можат да бидат планинари/ки кои имаат доволно кондиција и физичка спремност. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. ПК Македон обезбедува лиценциран водич за водење на летни тури во планина, Дејан Тодевски . Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.