Исплата на пензиите од 27 февруари

Сподели

 

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2023 година.

Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2023 година, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

 

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).