“Испреплетено” на Александар Ефтимовски прво место на На Биеналето на Скулптура Огрове

Сподели

 

На Биеналето на Скулптура Огрове, кое се одржува петта година по ред, Александар Ефтимовски го зема првото место за делото со наслов “Испреплетено”, во конкуренција од 33 интернационални скулптори.

Ефтимовски во периодот на неговиот престој во Огрове, изработи скулптура во гранит која ке биде трајно поставена во градот.

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури, цврстини. Александар своето ликовно знаење го стекна на Академиите за уметност во Фиренца и Карара каде магистрираше во 2013 година. Во годините што следеа тој учествуваше на голем број фестивали и симпозиуми на скулптура, како и во голем број групни изложби на повеке континенти.