Италија ја шокираше Белгија со 2-0 во дербито на групата Е

Сподели

Во натпреварот од 1.коло на Групата Е на ЕП 2016 во Франција, во дербито на колото Италија со 2-0 ја победи фаворизираната Белгија.

џакерини

Головите беа дело на Емануеле Џакерини во 32 минута од првото полувреме и на Грацијано Пеле во втората минута од судиското продолжување односно во 92 минута.

Белгија која долг период е на челните позиции од ранг листата на УЕФА, никогаш во својата историја немала толку талентирана генерација, предводена од Еден Азар.

Италијаните пак предводени од селекторот Антонио Конте со голема скепса беше испратена од Апенините, дури и со навреди дека ѝ недостига талент.

Но италијанците со доследно спроведената тактика едноставно ги обезоружија Белгијците кои во првото полувреме имаа една шанса, и тоа во 10 минута, кога Наинголан шутираше силно од околу 20 метри, но ветеранот Џиџи Буфон.

пеле

Белгија во 53 минута ја изведоа можеби единствената осмислена акција, кога Де Бруин го проигра Лукаку, кој излезе сам пред италијанскиот голман, но неговото лобување беше непрецизно.

Италијанците во финишот од натпреварот ја имаа шансата да го решат победникот, кога во 84 минута во контра тргна Имобиле, кој десет минути претходно влезе во игра, силно и прецизно шутираше од врвот на шеснаесетникот, но Куртоа уште еднаш одлично интервенираше.

Сепак, следниот италијански противнапад, во втората минута од судиското продолжување, Пеле со волеј го потврди победникот за конечни 2-0 за Италија и освојување на првите бодови на ЕП 2016.

белгија-италија

Ова се инсертите од мечот…

The post Италија ја шокираше Белгија со 2-0 во дербито на групата Е appeared first on Спорти.


Source: Sporty